Нашиот ученик Давид Стојчевски од петто 5 одделение под раководство на одделенскиот раководител Наташа Талевска учествуваше и постигна успеси на два конкурси за литературни творби. Песничката ,,Новогодишна бајка” со која учествуваше на Конкурсот за најдобра необјавена песна за деца и возрасни на Литературниот клуб ,,Кирил Пејчиновиќ” – при НУ ЦК,, Иљо Антески- Смок” Тетово, беше пофалена. Како уште една потврда за неговата творечка дарба е успехот на конкурсот при ЛУБ ,,Благој Јанков – Мучето” по повод СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ 2021 на кој со својата песничка ,,Карневалска магија” освои втора награда во категорија основни училишта. Честитки до нашиот ученик Давид Стојчевски и до нашиот одделенски наставник Наташа Талевска за успесите и им посакуваме уште многу успеси.

