Мотивационите пораки на 23 – те ЕДУИНО амбасадори меѓу кои е и нашата наставничка Марија Мостро

0
За наставници, За родители, За ученици, Новости, Соопштенија

Погледнете го видеото во кое ќе се запознаете со ЕДУИНО амбасадорите, меѓу кои е и нашата наставничка по англиски јазик Марија Мостро. Горди сме на наставничкатa Марија Мостро, која со својот квалитет и макотрпна работа, на прекрасен начин го промовира нашето училиште!❤

Во продолжение проследете ги зборовите од Бирото за развој на образованието:

Вие сте нашите херои и амбасадори на знаењето. Заедно со вас ја градиме иднината на нашето образование. 

Во изминатиот период ЕДУИНО поттикна и вклучи над 15 илјади воспитувачи, наставници, родители и образовни експерти во изработката на дигитални наставни содржини, едукативни игри, вебинари и упатства. Низ процесот на создавање на ЕДУИНО, покрај креираните дигитални ресурси и алатки, се разви и заедница на едукатори за создавање и иновација во образованието.

Би сакале со иницијативата ЕДУИНО-амбасадори да оддадеме посебно признание кон оние што подготвиле наjмногу содржини. Иницијативата подразбира јавно признание за наставниците што снимиле најмногу видеа и изработиле најмногу активности за игра во домашни услови. 

Иницијативата ЕДУИНО-амбасадори започна со првиот пресек на пријавени видеа до 31.12.2020 г. избрани по однапред утврдени критериуми и тоа:

– наставници со снимени над 15 видеа;

– наставници со изработени над 10 активности за игра во домашни услови.

Ве запознаваме со првите 23 ЕДУИНО-амбасадори, кои до 31.12.2020 снимиле најмногу видеа и изработиле најмногу активности за игра во домашни услови:

Зорица Адамчевска, Жарко Алексовски, Шемсие Ајдари, Насер Адили, Љазиме Амети, Светлана Бобевска, Мирадие Бајрами, Марија Богатиновска, Фатиме Беџети-Дурмиши, Валентина Гаврилоска, Ќемалједин Емини, Рамиз Иљази, Марија Мостро, Исак Османи, Зорица Пармачка-Велински, Весна Пупучовска, Симона Ташева, Елена Ташева, Елена Тодоровска, Соња Трифуновска, Незир Таири, Горан Цветкоски и Александар Цветкоски.

Запознајте ги ЕДУИНО-амбасадорите што дадоа видео изјави на македонски јазик.