КОНКУРС! Цртаме и пишуваме за СИРИ! ?️??

0
За родители, За ученици, Новости, Соопштенија

Издавачката куќа Феникс неодамна објави три прекрасни илустрирани книги за авантурите и доживувањата на Сири и нејзината необична дружина. Книгите за Сири се многу интересни и поучни. Во нејзината весела дружина се и тројцата палавковци: Малечкиот Ото, Средниот Ото и Големиот Ото. Сири е веселo девојче со богата фантазија. ?‍♀️

Во првите три книги за СИРИ на македонски јазик заедно ќе читаме за: СИРИ и Безгрижното коњче, СИРИ и храброто зајаче и СИРИ и исчезнувачката ѕвезда. Наскоро очекувајте и нови книги, доживувања и изненадувања со СИРИ!  

Откако ќе ги прочитате книгите, напишете песна или расказ за СИРИ и нејзината дружина или нацртајте ja СИРИ и нејзината дружина!  ✏️?️

Творбите пратете ни ги на [email protected], на нашите профили на социјалните мрежи или преку пошта на ФЕНИКС, ул. Костурски херои бр. 35, 1000 Скопје.  

Најдобрите пристигнати литературни и ликовни творби ќе бидат објавени во електронска форма, но и наградени со книги за деца и млади.  

Конкурсот ќе трае од 10 февруари до 10 март, а на 21 март (Денот на пролетта) ќе бидат прогласени победниците!  ?