На ден 8.6.2023 во соработка со родителите, учениците од второ одделение имаа множност да проследат една многу интересна и поучна презентација. Имено, професионални пчелари од “Пчеларското здружение” – Охрид на дечињата им одржаа предавање на кое на интересен и едноставен начин им ги презентираа сите позитивни својства кои произлегуваат од користењето на медот и другите пчеларски производи.
Учениците имаа можност да видат како изгледаат рамка со пчели на неа, саќе, пчелин восок, мед и други производи од мед.
После презентацијата која со голем интерес ја следеја, љубопитните дечиња поставуваа креативни прашања и на крај добија подарок медче во кутија. ???
















