И оваа година младите франкофони од нашето училиште успешно се претставија на регионалниот и државниот натпревар Олимпијади по француски јазик.
На регионалниот натпревар кој се одржа на 22.03.2024 г. во Дебар, учениците од деветто одделенија остварија одличен резултат:
1 место – Михаела Николоска IX-2 одд.
2 место – Надица Јоноска IX-2 одд.
3 место – Тамара Карадакоска IX-2 одд.
На државните олимпијади се здобија со дипломи за успешно учество.
Исто така беа реализирани две онлајн средби на ЗУМ со училиште од збратимениот град Каен во Франција, со професорот Аурелиен и неговите ученици. На средбите беа присутни повеќе ученици од 7 и 9 одд., кои имаа можност да поставуваат прашања на повеќе теми и да се запознаат со нивната култура, традиција, образовен процес итн. Но, и да одговараат на прашања со кои француските ученици ги запознаа со нашиот град, култура, традиција, културни и историски споменици, образование, хоби, омилени спортови, музика и храна.
