Светски ден на лицата со DOWN Syndrom, 21 март
ООУ Христо Узунов – Охрид, петте паралелки деветто одделенци.Класните раководители во соработка со специјалниот едукатор и рехабилитатор,
Ученик со Down sy. Во РЦСОО Ванчо Питошески – Охрид, Дневен центар Доброљубие.
Во одбележување на овој ден беа одржани предавања во секое деветто оделение , со цел запознавање на учениците со состојбата, причините и функционирањето во општеството на овие лица.
Учениците добија основни информации што значи ова хромозомско нарушување, дека настанува при делба на клетките при оплодување, присуство на хромозом повеќе, 3 -три хромозоми на 21 пар, поради што и овој ден е избран за нивни ден.
Исто така научија дека МОЖЕ да се открие во тек на бременост и истото да се спречи како и дека постојат наследни фактори како едни од причинителите на оваа состојба.
Научија и за нивната добра душа, весела природа и желба за социјализација, а за подобро да ја разберат состојбата, група ученици од оваа генерација и се запозна со една чиста душа со Down sy.
Во соработка со специјалниот едукатор и рехабилитатор од угостителското училиште, Дневниот центар Доброљубие како и со родителите на Александар, реализиравме работилница ,правење колачи и ја поддржавме насоката кувар која Александар ја избрал.
И шарените чорапи придонесоа атмосферата да е повесела и денот да биде уште поубав.
Нека има повеќе убави настани.
Б. Аслимоска

