Го одбележуваме денот на ретките болести 28. февруари, Денот на ретките болести. Оваа година учениците од IX одделение Јована Шутароска, Евгенија Костоска, Анастасија Бајевска, Антонија Михајлоска и Ѓорѓи Најдески под менторство на наставникот по ликовно образование Ристе Никлески и наставниците од јазичниот актив решија воходникот на училиштето да обојат ѕид во боите и логото на ретките болести. Со ова сакаме да покажеме дека им оддаваме почит и сме свесни за нив, не само овој,туку и сите останати денови во годината.





