Денес, 21.02.2022 год. ООУ „Христо Узунов“ беше посетено од Д-р Иштван Пинтер, Комесар за Почесни конзулати во Министерството за надворешни работи на Република Унгарија?? и Проф. Др. Марјан Бојаџиев, Почесен конзул на Република Унгарија ?? во Република Северна Македонија??. Имено, високата делегација подари вредна донација на училиштето која се состои од стручна литература за наставата по Англиски јазик, Информатика и програмирање, како и соодветен инвентар и компјутер.?????? Со оваа донација ќе биде збогатена библиотеката во училиштето, а воедно таа е добредојдена за наставата по Англиски јазик и Информатика, посебно за додатната настава за талентирани ученици. ???Исто така на средбата се дискутираше за можноста за соработка со Унгарски училишта од Будимпешта, во врска со размена на искуства во програмите и наставата во образовните институции. Како училиште изразуваме голема благодарност до Конзулатот на Република Унгарија, ?? со желба за понатамошна соработка.?
Директор,
Оливија Пирузева Јанева




