Во ООУ Христо Узунов со средства од МОН е опремен кабинетот по Хемија, Биологија и Природни науки. ? Инвентарот е специјално дизајниран за лабораторија по Природни науки, што ќе допринесе за поквалитетно и непречено изведување на наставата по овие предмети, за изведување на експерименти и подготовка на проекти. ? Опремувањето на овој кабинет е во рамките на новиот концепт и новите програми за основно образование, при што МОН ги подобрува капацитетите со обезбедување на потребни ресурси при изведување на наставата и другите дополнителни активности од природната група предмети. ???






