About Us

Натпревари


Републички натпревар по информатика

На Републичкиот натпревар по информатика, организиран од страна на Петта приватна гимназија што се одржа во Скопје, ученикот Ѓорѓи Ристески од осмо одделение освои прво место – ментор наставник Горица Дуцкиновиќ, додека ученикот Ѓоко Маркоски од осмо одделение освои второ место – ментор Милица Маневска.


Републички натпревар по англиски јазик

Извештај за републичкиот натпевар по англиски јазик, организиран од страна на приватното училиште за средно образование „Петта приватна гимназија“ – Скопје. Натпреварот се одржа во просториите на приватното училиште за средно образование „Петта приватна гимназија“ – Скопје, на 23.02.2013 год. На натпреварот учествуваа 400 ученици. Од нашето училиште учествуваа 6 ученици од осмите одделенија (со предметниот наставник по англиски јазик Марија Мостро).
Превозот до училиштето „Петта приватна гимназија“ – Скопје (за учениците од нашето училиште и училиштата од општина Охрид) го организира општина Охрид. Учениците постигнаа голем успех и ги освоија следните награди:

  • Втора награда: Ѓорги Ристески (VIII 2), Петар Пипоски (VIII 1) и Емилија Симјаноска (VIII 1)
  • Трета награда: Ристе Стојаноски (VIII 2).


Регионален натпревар по англиски јазик

  • Ученикот Ѓорѓи Ристески од осмо одделение го делеше првото место на Регионалниот натпревар по англиски јазик, организиран од Петта приватна гимназија во Струга;
  • Ученичката Сара Петреска од осмо одделение го освои второто место.

Ментор Наставник по англиски јазик – Марија Мостро.


Регионален натпревар по англиски јазик

На регионалниот натпревар по англиски јазик, организиран во декември 2012 година од колеџот Јахја Кемал во Струга, нашите ученици од осмо одделение освоија:

  • Ристески Ѓорѓи – прво место и стипендија за школување во овој колеџ;
  • Пипоски Петар – второ место и попуст за школување во овој колеџ.


Нашите млади иновативци со големи достигнувања!

На 49 Регионален натпревар по народна техника од областа на применета физика, што се одржа во Битола нашето училиште освои прво место со што се пласира на државниот натпревар каде што освои второ место.
Имено учениците Марија Танеска(VIII одд-презентер и водич), Христијан Зафировски (VIII одд-) Ѓоко Маркоски (VII одд) и Михајло Најдески (VII одд) кои беа помошници со својот ментор Вера Зороска, со презентацијата на проектот “Интерактивна бела табла” ја импресионираа жири комисијата која ги награди со максимален број поени и прво место на регионалниот натпреварот.