About Us

Историја

Училиштето започна со работа во 1977 година на 7 ми Ноември. Изградено е по пат на местен самопридонес на граѓаните на Охрид.


Основното Училиште “Христо Узунов” од Охрид е установа од посебен општетсвен интерес за образование и воспитание на учениците по правило од шест до петнаесет години со седиште во Охрид на улица Питу Гули бр.128.


Воспитно-образовната работа во училиштето се изведува на македонски јазик И кирилско писмо. Училиштето ги опфаќа учениците од реонот во кој припаѓа,а поточно од месните заедници: Горна влашка мала, Даме Груев, Илинден, Гоце Делчев, Видобишта. Училиштето е регистрирано во судскиот регистар на Окружниот суд во Битола под број 727.


ОУ” Христо Узунов” Охрид отпочна со работа на 7 Ноември 1977 година.

Изградено е по пат на местен самопридонес од граѓаните на Охрид. Во далечната 1977 година отпочна со работа со 1173 ученици распоредени во 31 паралелка и две забавишни групи и 56 вработени. Во 1989 година е извршена надградба на дел од училиштето.


Во својот долгогодишен развој од почетокот на своето постоење ова училиште бележи постојан подем и развој. Добитник е на многубројни награди, признанија и дипломи како и Климентова повелба за посебни постигнувања во областа на образованието што ја додели Советот на општина Охрид за 2004 година.


Денес, ОУ”Христо Узунов” Охрид, е современо, развиено училиште во кое своето образование го стекнуваат 1219 ученици од прво до осмо(девето) одделение, распоредени во 45 паралелки.